Дигитална полица АРГАН369

Нашaта дигитална полица е револуционерен концепт што ви овозможува да ги прикажете сите производи од нашата ексклузивна колекција на Арган Оил. Секој производ има свое место на дигиталната полица, заедно со QR-код. Вашите клиенти лесно може да го скенираат QR-кодот на полицата и да бидат директно пренасочени кон нашата онлајн продавница, каде може да купуваат и да искористат специјални попусти.

Оваа иновативна дигитална технологија ја отвара вратата кон целосно нов начин на купување. Вашите клиенти може да ги разгледаат разновидните производи од колекцијата на Арган Оил, да прочитаат детални информации за секој производ, да ги разгледуваат рецензиите од други корисници и да најдат производ за совршена нега на својата коса.

Дигиталната полица со QR-кодови претставува иновативен дигитален пристап во продавницата на производи, што овозможува брз и интерактивен пристап до информации за клиентите. Овој концепт носи низа предности и за клиентите и за продавачите.

За Клиентите

Брз пристап до информации: Клиентите лесно можат да го скенираат QR-кодот на дигиталната полица со нивниот смартфон за моментален пристап до информации за производите, вклучувајќи опис на производот, цена, упатства за користење и други релевантни детали.

Попусти и предности: Со скенирање на QR-кодот на дигитална полица, клиентите добиваат попуст од 10% и бесплатна испорака на производите.

Зачувување на време: Значително се намалува времето потребно за купување, бидејќи брзо може да се пристапи до информации за производите преку QR-кодовите, без потреба за пребарување на физичките штандови или чекање во редови.

Практична испорака: Производите се испорачуваат директно на адресата на клиентот преку курирска пошта, без потреба за посета на маркети, барање паркинг и справување со гужви.

Намалување на физичкиот контакт: Дигиталната полица со QR-кодови овозможува минимален физички контакт помеѓу клиентите и производите, што допринесува за поголема безбедност и хигиена при купување.

Испорака од централен склад: Производите се испорачуваат директно на клиентите од централниот склад преку курирска пошта, што овозможува брза и сигурна испорака.

 

За Продавачите

Нема потреба за физичко складирање на производите: Продавачите не мораат физички да ги држат производите во своите продавници, што ја намалува потребата за складирање и манипулација со инвентарот.

Нема потреба од фискални документи: Продавачот не треба да издава фискални сметки при продажба на производите од дигиталната полица (сметките се издаваат во централниот магацин при пакување на нарачката на клиентот).

Следење на приходите: Продавачите може да ги следат своите остварени приходи од дигиталната полица, преку платформата на Argan 369 МК во нивниот лечен профил.

Месечна исплата: Исплатите се вршат месечно и се плаќаат секој 9-ти во месецот.

Проширување на вашиот бизнис: Продавачот преку дигиталната полица и својот линк-код за зачленување, може да зачлени нови корисници на платформата Argan369 МК. Тоа може да бидат правни и физички лица. Оваа опција им овозможува на продавачите да ги зголемат своите приходи според Планот за Успех.

Намалување на трошоците: Намалување на потребата за физички материјали (како брошури, каталози…) и подобро управување со инвентарот може да доведе до намалување на оперативните трошоци на секој продавач.

Еколошки аспекти: Намалувањето на употребата на хартија и материјали за печатење допринесува за поздрава и почиста средина.

Маркетинг кампања: Маркетинг кампањата се состои од позиционирање на дигиталните полици во нивните продавници, како и рекламирање на социјални мрежи. Argan 369 МК ги обезбедува сите неопходни рекламни материјали за успешно водење на маркетинг кампања и промоција на дигитална полица.

Нека вашиот продажен објект стане центар на дигитален луксуз. Со Argan369 дигиталната полица, вашите клиенти ќе добијат уникатно искуство на купување кое ги спојува иновациите на дигиталниот свет со висококвалитетните производи од нашата колекција на Арган Оил.

Не ја пропуштајте можноста да го промените начинот на кој ги нудите услугите и продавате производите. Посетете ја нашата веб-страница и дознајте повеќе за Argan369 дигиталната платформа и начинот на кој може да го трансформирате вашиот продажен објект.

 

 

Срдечен поздрав,

Вашиот Argan369 Тим

Како до дигитална полица?