ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ

1. Арган369 е интернет платформа на компанијата Стајлинг Професионал Дооел, Скопје (во понатамошниот текст “Компанијата”).

2. Компанијата гарантира за приватноста и тајноста на информациите на Членовите.

3. Компанијата ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија и со другите регулативи од оваа област.

4. Вашите информации нема да се споделуваат со трети лица, освен во случаеви дозволени со законот, за потребите на функционирање на системот, испораката на производите и исплатата на заработката и данокот на добивка на членовите на Арган369.

5. За Купувачи кои не се членови на Арган369, податоците ќе се користат само за потребите на испорака на нарачките.

6. Кои податоци ги користиме?
За да ги обработиме нарачките, потребни ни се:
– име и презиме, адреса за доставување, имејл адреса и број на телефон на нарачателот.
– Година на раѓање е потребна за да утврдиме дали лицето е полнолетно.

Дополнително, за членовите на Арган369, според Договорот за соработка, се чуваат неопходните податоци за исплата на заработката:
– Банкарска жиро сметка за уплата на заработката
– Даночен број, за уплата на Данок на добивка во име на Членот.

Argan369.mk не е наменет за лица под 18 години и нема да прибира и обработува лични податоци за овие лица.

7. Доколку ја плаќате нарачката со кредитна картичка на нашата интернет страна, не запишуваме никаков податок од вашата платежна картичка. Трансакциите се процесираат директно од банката и/или сертифициран центар за процесирање на овие трансакции.

8. Вие имате право да побарате бришење на вашите лични податоци од базите на Компанијата. Во тој случај, како и во случај на престанување на членството од било кои причини, се зачувуваат само не-личните податоци, заради спречување повторно зачленување без да е запознаена компанијата и други злоупотреби.

9. За дополнителни информации или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Бојана Радовановиќ на следниов e-mail: bojana@argan369.mk.

10. Политиката за приватност и заштита на личните податоци редовно ќе се менува и дополнува соодветно, со цел да бидат во согласност со законската регулатива на Република Северна Македонија.
Промените редовно ќе бидат објавувани на нашата итернет страница argan369.mk.