ПРАВИЛА ЗА СОРАБОТКА СО АРГАН369

Правилата за соработка со Арган369 се дефинирани за да се обезбеди рамноправно и правилно работење на сите членови на Арган369. Сите членови имаат исти права и обврски и исти услови за заработка. Успехот и висината на заработката зависат единствено од Членот, неговото ангажирање и работа.

Сопственик на системот Арган369 е Стајлинг Професионал дооел, Скопје (во понатамошниот текст Компанијата).

Компанијата има право да врши дополнувања и измени на правилата и должност истите да ги објави на официјалната интернет страница argan369.mк за да бидат достапни до сите заинтересирани.

 

  1. ТЕРМИНОЛОГИЈА
    Со цел да се избегнат недоразбирања при комуникацијата во врска со Арган369, дефинираме неколку често употребувани поими кои меѓу другото се користат и за дефинирање на правилата и условите за соработка со Арган369:

    • Член: лице или организација зачленета во системот на Арган369.
    • Членски Број: петоцифрен број со кој се идентификува секој Член. Бројот се генерира автоматски, по растечки редослед, при зачленувањето и е уникатен за секој Член.
    • Купувач: лице кое не е регистрирано како Член на Арган369, но може да ги купува производите од интернет продавницата на Арган369.
    • ВИП купувач: лице кое не е регистрирано како Член на Арган369, но може да ги купува производите од интернет продавницата на Арган369 и ги купува преку линк за препорака со што добива поволности наведени во Правилата под точка 10.
    • Компанија: се однесува на компанијата Стајлинг Професионал дооел, Скопје.
    • Спонзор: Член кој зачленил нов Член во негово прво ниво.
    • Прво ниво во мрежа: Членови во прво ниво се оние кои се зачленети директно под Спонзорот.
    • Мрежа: сите членови во група на еден Спонзор независно од нивото и длабочината.
    • Лична Група: Група на членови, без оние од одвоените 9%-тни групи.
    • Ниво на успех или Процентуално Ниво: Ниво на успех на Членот, според Скалата на Успех, изразени во проценти. Можни нивоа се: 3%, 6% и 9%.
    • Скала на Успех: Скалата на успех го дефинира процентуалното ниво на успех кое го достигнал членот, во зависност од Обемот на Бизнис на неговата група. Процентот кој може да го постигне членот е 3, 6 или 9 проценти, според следните граници на ОБ изразени во денари.
ОБ од ОБ до Ниво
    3000   59999 3%
  60000 359999 6%
360000 9%

 

  • Директорски Титули: Членови кои ќе постигнат ниво од 9% и го одржуваат тоа ниво во континуитет по неколку пресметковни периоди, и/или имаат повеќе 9% групи во прво ниво, добиваат Титула Директор, и се наградуваат со дополнителни награди објавени во Прирачникот за Директори.
  • Обем на Бизнис(ОБ): ОБ е основа за пресметките за заработка од мрежата. Износот на ОБ е Продажна Цена без ДДВ.
  • Личен Обем на Бизнис (ЛОБ): Вкупен Обем на Бизнис од Лични порачки и од порачки од препорака.
  • Обем на Бизнис од Лична Порачка (ОБЛП): обем на бизнис од Лична порачка на Членот.
  • Обем на Бизнис од Лична Група (ОБЛГ): обем на бизнис од Лична Група на Членот.
  • Продажна Цена (ПЦ): цената по која е купен производот со вклучени попусти и останати намалувања доколку такви има.
  • Цена на Производ(ЦП): основна цена на производ без попусти или друг вид намалувања.
  • ДДВ: Данок на Додадена Вредност.
  • Заработка: пресметана заработка на Членот, остварена од негови лични порачки, линк препораки и продажби од Членови во неговата Мрежа.
  • Лична порачка: порачка направена директно од Членот, регистрирана на негов Членски Број.
  • Линк Порачка или Порачка од препорака: порачка направена од лице кое не е член на Арган369, со користење линк за препорака добиена од постоечки Член.
  • Линк за Препорака: интернет врска до интернет страница на препорачан производм во која се содржат и податоци за Членот кој ја направил препораката. Врз основа на оваа информација овие порачки се евидентираат во Обемот на Бизнис на Членот.
  • Линк за Зачленување: интернет врска до страницата за регистрација на нови членови на Арган369, во која се содржат и податоци за Членот кој ја направил препораката. Со тоа Членот се идентификѕва како Спонзор на новиот Член.
  • Период: период за пресметка на заработката на Членовите врз основа на нивните продажби и продажбите во нивната Мрежа во тој период. Доколку поинаку не се објави на официјалната интернет страница на Арган369, за Период се смета еден календарски месец.
  • Производи на Арган369: високо-квалитетни производи за нега на коса, на база на арганово масло, како и други додатоци понудени за продажба под трговската марка на Арган Оил.
  • План за Успех: документ во кој се објаснува можноста и начинот за заработка со Арган369.
  • Трговски марка на Арган369: името, логото и имињата на производите кои ги продава Компанијата;
  • Лични податоци: податоци внесени од Членот при зачленување или при измена на лични податоци преку апликацијата на Арган369. За точноста на овие податоци е одговорен исклучиво Членот, а за нивно чување Компанијата.

 

  1. ЧЛЕНСТВО
    • Секое физичко и правно лице може да стане член на мрежата Арган369. Физичките лица треба да се полнолетни (да имаат наполнето 18 год.), за да можат да станат ченови на Арган369.
    • Физичкото лице и правното лице, можат да станат Членови исклучиво по пат на Линк (интернет врска) за зачленување, кој можат да го добијат од веќе постоечките членови.
    • Со користење на линкот за зачленување кој го води директно на страницата на Арган369, потенцијалниот член треба да изврши стандардна регистрација со внесување вообичаени податоци за креирање на членството.
    • За да се почне со регистација, потенцијалниот Член мора да има валидна имејл адреса.
      Имејл адресата е клучен елеменат во функција на секој Член, тоа е главна идентификација за членот, и со неа се поврзуваат сите бизнис активности во мрежата на Арган369.
    • Регистрацијата на новиот член подразбира пополнување на сите податоци кои се наведени во формата за регистрација, како и потврдување на изјавите за согласност со наведените точки од Прописите и Правилата за работа на мрежата Арган369.
    • Автоматски со прифаќањето на сите точки, потенцијалниот член станува официјален Член на Мрежата Арган369. Со добивање статус Член на Мрежата Арган369, физичкото – правно лице, добива свој, единствен Членски Број со кој се идентификува во Мрежата.
    • Членството може да се префрли на друго лице само од родител на дете или на брачен партнер. Дополнително дозвола треба да даде и Компанијата. Потребно е да се доставаат валидни документи како доказ на врската помеѓу Членот и лицето на кое се префрла членството.
    • И Компанијата и Членот можат во секое време и без објаснување, да го прекинат членството и Договорот за соработка, со претходно известување испратено на имејл. Членството престанува 15 дена по испраќањето на известувањето.
    • Членството престанува автоматски доколку Членот не направи лична порачка или препорака во 12 последователни месеци.
  2.  ПРАВА И ОБВРСКИ НА ЧЛЕНОТ И КОМПАНИЈАТА
    • Членот самостојно ги препорачува производите и притоа од остварените продажби може да заработи според Договорот за Соработка. За приходите од оваа дејност Компанијата ги уплаќа даноците за Приход во Управата за Јавни Приходи (УЈП) и истите се одбиваат од вкупната заработка.
      Членот нема заснован работен однос со Компанијата и компанијата нема никаква обврска на работодавач според постоечките законски норми на Р.С. Македонија.
    • Членот има право да купува производи на Арган369 и притоа да користи одредени поволности утврдени во Планот за Успех на Арган369, како: 10% попуст на секоја нарачка и бесплатна испорака.
    • Членот има право на исплата на неговата заработка доколку се иполнети сите услови за тоа:
      • Доставен потпишан Договор за Соработка
      • Доставена информација за транскациска сметка на која ќе се изврши уплатата
      • Направена лична порачка во тој период, со износ од најмалку 2000 денари.
    • Членот има обврска да се придржувате кон правилата за соработка на Арган369 и упатствата кои Компанијата ги објавува.
    • Членот не може да го користи Логото и останатите заштитени знаци на Компанијата освен доколку тоа не му е одобрено од Компанијата по поднесено соодветно барање.
      За промотивни цели, Членот може да ги фотографира купените производи од Арган369 и да ги објавува фотографиите на социјалните мрежи и било каде на интернет или да ги споделува преку апликации за комуникација.
    • На секој член му е дозволен пристап до страницата на Арган369 https://app.argan369.mk и алатките кои ќе му помогнат во следењето на неговиот бизнис со Арган369. До овие алатки Членот пристапува со најава преку корисничко име (емаил адресата која ја навел при зачленувањето) и лозинка (која ја навел при зачленувањето).
    • Компанијата има обврска да обезбеди еднакви услови за работа на сите свои членови.
    • Компанијата има обврска да ги исплати заработките кон своите Членови по завршувањето на пресметковниот период, а најдоцна до половината на следниот месец. Пресметаната Заработка, намалена за износот на Данокот на приход, се исплаќа на банковата сметка која ја навел Членот, а износот на Данокот на приход го уплаќа во име на Членот во Управата за Јавни Приходи (УЈП).

 

  1. КУПУВАЊЕ ПРОИЗВОДИ, ИСПОРАКА И РЕКЛАМАЦИИ
    • Производите на линијата Арган Оил се високо-квалитетни производи за нега на коса и Арган369 гарантира за квалитетот на овие производи.
    • Производите на Арган369 се достапни на секој купувач преку интернет продавницата (веб шоп) на страницата: www.argan369.mk. Поволности при купувањето се следни:
      • Доколку купувачот ја посети страницата преку Линк за Препорака, добива 10% попуст на сите производи и бесплатна испорака.
      • Доколку купувачот е Член на Арган369, покрај 10% попуст и бесплатна испорака, Членот добива и право на исплата на заработка според Планот за Успех на Арган369.
      • Доколку купувачот купува без Линк за Препорака, не добива попусти ниту бесплатна испорака.
    • За секоја нарачка на e-mail адресата што ја внел купувачот, се добива потврда дека е примена и обработена. Истата се испраќа во најбрз можен рок до купувачот.
    • Производите се испорачуваат само на адреси во Р. С. Македонија.
    • Купените производи заедно со фискална сметка се испраќаат преку курирска пошта и затоа податоците за адреса и контакт телефон мора да се точни. Компанијата не превзема одговорност за неиспорака, погрешна или задоцнета испорака на порачаните производи, доколку истата е резултат на внесување погрешни или нецелосни податоци од ваша страна.
    • За неоправдано неподигнување на порачаните производи, купувачот губи право на бесплатна испорака.
    • Доколку веќе не се платени на друг начин (вирмански или со кредитна картичка) нарачката се плаќа при приемот.
    • За било какви прашања околу испораката Купувачот може да се обрати на info@argan369.mk.
    • За рекламации во врска со нарачките, испораките или производите, купувачот може да се обрати на reklamacija@argan369.mk по што во најбрз можен рок ќе му се одговори на барањето.
    • Компанијата го задржува правото да не ги испорача производите од разни причини. За конкретните причини, купувачот може да побара информација на info@argan369.mk.
    • Нарачката може да се сторнира или врати во следниве случаи:
      • Доколку ја исконтактирате Компанијата веднаш откако сте ја направиле нарачката, пред нарачката да е испратена. Во овој случај купувачот нема никакви долгови кон Компанијата, а доколку нарачката е веднаш платена уплатената сума ќе му се врати во целост на купувачот.
      • Доколку нарачката е веќе испратена, може да се врати доколку не е отворана и е во оригиналното пакување. Купувачот задолжително треба да стапи во контакт со Компанијата и да ја извести за враќањето на производите и да добие потврда од Компанијата дека може да продолжи со процедурата на враќање на производите. Во овој случај купувачот го плаќа само износот на трошоците за испорака.

 

  1. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ
    • Ви гарантираме за приватноста и тајноста на вашите податоци. Вашите лични податоци ги користиме исклучиво во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија и со другите регулативи од оваа област.
    • Вашите информации нема да се достапни на трети лица, освен во случаеви дозволени со законот, за потребите на функционирање на системот, испораката на производите и исплатата на заработката на членовите на Арган369.